ЈП Водовод и канализации, директорот кој беше доскорашен трет човек во партијата, Душко Весковски, секоја година како директор склучува рамковна спогодба за изведување на работи и реконструкција, доградба и замена на водоводни мрежи. Така и минатата година, ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски потпишале рамковна спогодба врз основ на тендер со пет фирми, уште во април 2020-тата година, вели денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсковси, обвинувајќи го заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов дека местеле тендер.
Вредноста на тендерот за реконструкција на водоводна мрежа е околу 2 милиони евра без ДДВ секоја година. Е сега, по потпишување на оваа рамковна спогодба, за секоја реконструкција на било која мрежа која што сака да ја прави ЈП Водовод и канализација, мора да има тендер помеѓу овие 5 фирми, односно бирање на најповолен понудувач и се прави негативно наддавање, односно единствен услов е да има најниска цена и најповолен понудувач помеѓу овие пет фирми за реконструкција на одредена мрежа“, вели Арсовски.