ВМРО-ДПМНЕ: Го наполнија судството со нивни луѓе, а сега ќе чистат неподобни

од Nikola Popovski
159 прегледи

Заев и Маричиќ го наполнија судството со нивни кадри, а сега се закануваат дека ќе чистат неподобни, реагира ВМРО-ДПМНЕ по најавената филтрација на правосудството.

„Заев и Маричиќ ветуваа независно судство, а 4 години гледаме како ги ставија судиите и обвинителите под нивна капа. Заев нарачува, Русковска извршува, а Кацарска пресудува. Тоа е системот кок функционира веќе 4 години. Нема никаква одговорност за ниту еден член на власта“, велат од опозициската партија.

Опозицијата наведува неколку судски случаи за кои смета дека нема „вистинска“ разрешница, и обвинува дека наместо реформа, премиерот Заев сака да ги потчини судиите.

„Правосудните институции не реагираа на изјавата на Бојан Јовановски дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заев, органите немаат реакција ниту на аферата од 200 милиони евра на Еуростандард, 200 милионската афера со ШИК ЈЕЛАК, Леонардо, Сар Хемс и други, каде вмешани се врвот на власта. Заев ќе го чисти судството за да може непречено да продолжи со криминалот како и до сега. Заев сака да ги дисциплинира сите непослушници и неподобни за него“, стои во партиската реакција.

Слични содржини