ВМРО-ДПМНЕ го обвинува поранешниот градоначалник на Прилеп за криминал

од Vladimir Zorba
216 прегледи

„СДСМ и Јавното обвинителство молчат за документиран криминал во Прилеп. Криминал за којшто директно е одговорен Илија Јованоски, поранешниот градоначалник од СДСМ во Прилеп“, вели денеска Наум Стоилковски од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ред се редат кривични, а јавните обвинители никаде ги нема глас да пуштат. Да потсетам, согласно закон, за соучество во дело се смета и со постапување но и со непостапување! Во вториот дел, како соучесништво!“, истакнува тој