ВМРО-ДПМНЕ го поддржува ставот на НАТО во однос на Украина

од Nikola Popovski
122 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение соопшти дека во целост ги поддржува ставовите на партиите од Европската Народна Партија (EPP) во врска со најновата ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Руската Федерација.

„За ВМРО-ДПМНЕ почитувањето на нормите на меѓународното право чиј носечки дел се територијалниот суверенитет, интегритет и независност на Украина се фундаментално важни. ВМРО-ДПМНЕ, како во минатото, така и сега, но и во иднина, во целост ги поддржува ставовите на НАТО во однос на предизвиците со кои се соочува светот денес“, информираа од најголемата опозициска партија.