ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се одржат предвремени парламентарни избори

од Vladimir Zorba
119 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се одржат нови предвремени парламентарни избори, рече денеска на прес-конференција Крсте Јовановски.

Според него, граѓаните ја прочитаа перфидната политика на СДСМ и се чувствуваат измамени. Затоа се помасовно излегуваат на улиците во градовите низ Македонија. СДСМ, пак, бега и се плаши од распишување локални избори, знае дека народот жестоко ќе ги казни.

„Тиранската платформа ја разнебитува државата и од мултиетничка ја претвора во бинационална, претставува класична уцена и со неа се поткопува и руши уставниот поредок во Република  Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли и остро се спротивставува на нејзиното реализирање, подвлече Јовановски, дополнувајќи дека раководството на СДСМ во целост ја има прифатено платформата што е потврдено и од нејзиниот пратеник Мухамед Зекири.