Однесувањето на Шилегов има намена да ја дефокусира јавноста од неговото неработење, советниците ќе поднесат интерпелација за работата на Јанчева
ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и навредите упатени од градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.
Тие не само што се израз на ниско ниво на култура, туку го отсликуваат менталниот склоп на власта, каде преку навреди, омаловажувања сакаат да ја замолкнат опозицијата и различното мислење.
Затоа советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе покрене и интерпелација до претседавачот на советот на град Скопје поради несовено работење и кршење на деловникот.