ВМРО-ДПМНЕ: Испраќањето на Рамчиловиќ за амбасадор во Црна Гора е доказ за партизирана дипломатија

од Nikola Popovski
181 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на назначувањето на пратеникот Зекир Рамчиловиќ за амбасадор во Црна Гора. Според партијата, тоа е „доказ за партизираната дипломатија“.

-Наместо соодветен кадар кој достојно ќе ја претставува Македонија, власта за амбасадор поставува свој партиски послушник кој од дипломатија разбира само продажба на државните интереси на Македонија и преговори за фамилијарни вработувања. Така, откако гласаше за промена на името на Република Македонија, СДС прво го награди Рамчиловиќ и го стави пратеник, а потоа наградата се прошири и за неговото семејство. Најпрвин си ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а потоа и неговиот син го вработи како полицаец, соопштија од најголемата опозициска партија.

Покрај Рамчиловиќ, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски ќе биде амбасадор во Франција, Зулфи Исмаили во Брисел, а во Анкара заминува поранешниот министер за одбрана и екс лидер на ЛДП Јово Манасиевски.

Слични содржини