47
„Доцна попладнево ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот Скопје ги изгласа сите програми за кои Арсовска велеше дека се кочат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Иако на Арсовска не и се потребни програми за да го исчисти Скопје, затоа што за чисто Скопје не и е потребна програма за нешто што е утврдено со закон, сега по нивното гласање Арсовска нема повеќе алиби за нехигиената на главниот град.
И на крај, додека се гласаа програмите градоначалничката не беше присутна на расправата за седницата за точките за кои што тврдеше дека се клучни“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.