ВМРО-ДПМНЕ изрази длабоко жалење за смртта на Илинка Митрева

од Nikola Popovski
109 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за смртта на Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија и упатува искрено сочувство до семејството и најблиските.

„Илинка Митрева како поранешен пратеник, министер и политички и општествен чинител беше дел од поновата македонска историја.

Таа делуваше во времињата кога без разлика на концептуалните и идеолошки разлики се опстојуваше од сите во промоција и заштита на националните и државни интереси на Република Македонија.

Нека почива во мир“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.