ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Маричиќ за македонскиот клуб во Благоевград е понижувачка

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Бојан Маричиќ е последниот во низата функционери и министри, вклучувајќи го и Ковачевски кои не ги удостојуваат Македонците од Бугарија со присуство на отворањето на македонскиот клуб. Тие одат и чекор понатака па ги навредуваат. Изјавата на Маричиќ дека отворањето на македонски клуб во Благоевград е приватен настан и немаат должност да присуствуваат на отворањето е понижувачка, срамна и недостојна, соопштуваат денеска од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Притоа овој македонски клуб во Благоевград носи име на големиот писател и деец Никола Вапцаров, и во никој случај не е навредлив кон Бугарија како што се навредливи имињата Ванчо Михајлов и Цар Борис кои се користат во Македонија. Патем токму институциите на кои се повикува Маричиќ дозволија да се отворат бугарски клубови со вакви имиња во време кога Маричиќ го забрануваше името „Македонија“ за имиња на здруженија“, велат од опозициската партија.

Според партијата на Мицкоски, Маричиќ, Ковачевски, Пендаровски „не се грижат за Македонците ниту во Македонија, ниту надвор од неа“.

-Маричиќ, Ковачевски и Пендаровски се платени да ги штитат и промовираат државните интереси, а не да ја доведуваат Македонија во подредена положба, велат, меѓу другото, од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини