ВМРО ДПМНЕ ја обвинува власта за стагнација на економијата

од Vladimir Zorba

 

Резултати во економијата има, тие се нула. Една голема нула повеќе од една година за целата економија. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев  ја уништува  економијата, вели во соопштение ВМРО ДПМНЕ.

„СДСМ повеќе од една година е на власт, а економијата не само што не оди напред, туку стагнира. Минатата година ја завршивме со 0% раст на БДП, првиот квартал од 2018 година со 0.1%. Ова е дно. Додека земјите од регионот и Европа бележат вртоглав раст, ние стагнираме.

Економските индикатори не се единствен параметар кој укажува на бедата кон која ја води картелот државата. Граѓаните живеат се полошо и полошо. Цените во  малопродажба се се повисоки, а  платите се  помали.

Градежништвото, кое е мотор на економијата и влече околу 20 други гранки со себе, е во пад. 37% изнесува падот во градежништвото. Ова не е  дно, ова е пробиено дно.

СДСМ покажа дека не знае да ја води Република Македонија. СДСМ  за една година покажа целосна неспособност. Една година граѓаните тонат во беда, а животот кој толку надежно го најавуваа дојде само за фирмите на Заеви и Анѓушев, кои влегуваат во милионски бизниси и зделки.

Граѓаните се изневерени и излажани. Предизборните ветувања се испоставија како една огромна лага. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев ја уништува македонската економија. Државата не смее да продолжи по патот на економската катастрофа. Република Македонија заслужува  подобро.  Граѓаните заслужуваат подобро.“

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Слични содржини