ВМРО-ДПМНЕ ја промовираше програмата „Платформа 1198“: Нови министерства, стратешкото партнерство со САД и членство во ЕУ

од Симе Стоиков
306 прегледи

Денес ВМРО-ДПМНЕ ја промовира програмата Платформа 1198 која содржи точно 1 198 проекти и решенија кои се конкретен одговор за проблемите на граѓаните и нивните потреби.

Креирањето на оваа програма е финишот на повеќегодишен консултативен процес во кои беа вклучени експерти, професори, академската и стручната јавност, а во најголема мера беа слушнати барањата на граѓаните кои беа прибирани од редовните средби и дебати кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше низ државата во изминаиот период.

Проектите и решенијата се насочени кон луѓето кои се на прво место. Оваа програма е реална и остварлива со главен фокус кон економијата и животниот стандард. Платформа 1 198 нуди нова надеж и определба дека државата која е одземена од неодговорната власта се враќа кај народот.

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната програмска дебата насловена „Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“ на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ наречена Платформа 1198 посочи дека фокусот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочен капитални инвестиции, кон политиката на ниски и рамни даноци, силна борба против сивата економија и намалување на стапката на невработеност на 7.5%.

Сања Божиновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на тема „Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“ при презентација на програмата „Платформа #1198“ изјави дека иако моментално во министерството за економија постои сектор енергетика, како што гледаме не е функционален, немаме изградени нови енергетски капацитети и затоа во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено формирање на ново министерство за енергетика и минерални суровини со истакнати кадри и носители на стратешките проекти.

Основен приоритет на нашата надворешна политика ќе биде полноправно членство на Република Македонија во Европската Унија. Една работа која што ќе ја прави идната влада е Македонија да биде држава која што ќе биде силно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика. А исто така клучен приоритет ќе ни биде негување на стратешкото партнерство со САД, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на денешната програмска дебата насловена Дипломатски хоризонти – Реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија посветена на ЕУ на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198.

Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование и наука на денешната програмска дебата насловена „Искористување на потенцијалот – Образование, култура, туризам и спорт за развој на државата“ на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека образованието претставува камен темелник на една држава и има клучна улога во обликувањето на сегашноста и иднината на економскиот развој, социјалната кохезија, демократијата, зачувувањето и промоцијата на македонскиот идентитет и во правилниот развој на личноста.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198 за претстојните парламентарни избори предвидува низа на мерки со кои ќе се спречи негативниот прираст на населението кој е последица на лошите политики на актуелната Влада, меѓу кои стимулативни мерки како еднократна финансиска помош за прво, второ, трето и повеќе родени деца, потоа стимулативни мерки за вработени мајки како поврат на уплатен данок на личен доход и слично.

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ се осврна на Платформата 1198 и логото Луѓето на прво место укажувајќи дека владата и премиерот Христијан Мицкоски ќе посветат должно внимание на она што ни се случува долго време, а тоа е негативен прираст на население поради лошите политики на оваа Влада.

Слични содржини