ВМРО-ДПМНЕ ја започнува изборната кампања во Охрид

од Берта Китинска
186 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе ја започнат изборната кампања за претстојните локални избори од Охрид.

Тие ќе ја започнат преку собир на отворено кај Антички театар во Охрид, кој треба да започне во 18 часот.

Изборната кампања ќе трае 20 дена, а ќе заврши на 15 октомври на полноќ.