Дарко Каевски, исто како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски е пример како во политиката се влегува како голтар, а се излегува милионер, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Дарко Каевски од СДСМ.
Според Белата палата, додека врсниците на Каевски едвај врзуваат крај со крај, тој ниже милиони.
-Тој без еден ден работа во реален сектор, само од функционерска плата успеал да се стекне со 4 милиони во банка и 1 стан, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Каевски денеска од пред седиштето на најголемата опозициска партија изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција.
-Еве ја зад мене белата палата, симболот на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ. Од мала „жолта куќа“ до „бела палата“ на 7 спрата вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела. Побогата од партијата на Ангела Меркел, германската ЦДУ, додаде Каевски.