ВМРО-ДПМНЕ: Како ЈО се уверило дека Рашковски нема да влијае врз постапката, сведоците, и доказите?

од Nikola Popovski
295 прегледи

Според најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ Драги Рашковски влијаел врз обвинети како да се однесуваат и да ги манипулираат обвинителите.

„Која е гаранцијата дека нема повторно. Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“. Ова е пораката која Драги Рашковски ја испратил до газдата на Инвока, фирма од која тој како Генерален секретар од страна на Генералниот секретаријат на владата го набавил софтверот кој сам го патентирал. После оваа порака на Драги Рашковски му е преиначен куќниот притвор во затворски. Оваа порака индицира дека Рашковски и газдата на Инвока имаат нешто да сокријат од ЈО. Која е гаранцијата дека Рашковски кој вршел влијание врз обвинети и сведоци, нема да го стори истото повторно? Како ЈО се уверило дека Рашковски нема да влијае врз постапката, сведоците, и доказите?“, прашуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека Рашковски е под сомнение дека извршил набавки и на неколку други софтвери каде има сомнеж за корупција.

„Рашковски е фатен со рацете во медот. 4 години Рашковски и Заев прават криминал и корупција, 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини