Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Алфа посочи дека веднаш по формирање на комисиите до Собранието ќе поднесат Предлог закон за намалување на данокот на добивка од 10 на 9 проценти.

– Ќе продолжиме да ги артикулираме нашите позиции и мислам дека тоа е легитимен начин да ги презентираме нашите ставови на еден мирен начин, но и истовремено како што кажам тоа ќе го правиме и во рамките на парламентот. Еве ќе најавам дека пратеничката група ан ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето ан комисиите ќе достави до парламентот Предлог закон за намалување на рамниот данок од 10 на 9 проценти. Така што ако има доволно желба кај владата да практично му помогне на бизнисот, да се сочуваат работните места еве начин, наместо да имаме богата мафијашка влада и мафијаши во владата да имаме солидни компании кои што ќе успеат да ги задржат работните места, а да не ни се случува да сме рекордери во Европа по падот на БДП од речиси 13 проценти, рече Мицкоски.