6,1K
ВМРО-ДПМНЕ најави дека планира да воведе нови министерства во Владата, меѓу кои и министерство за енергетика и министерство за спорт. Драган Ковачки, пратеник и член на извршниот комитет, на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека овие измени се за доброто на сите Македонци.
„Ветивме дека ќе воведеме нови ресори во Владата, или ново министерство за енергетика и спорт. Поддршка за овие измени ќе има, законот ќе биде поднесен деновиве. Практично за истиот очекуваме поддршка од сите, бидејќи ова е за доброто на сите и на Македонија“, рече Ковачки.