СДС и Дамјан Манчевски за само 100 дена целосно ја партизираа администрацијата. Наместо стручни и проверени кадри на раководните места, поставија партиски послушници и таканаречени граѓански активисти. Згора на тоа, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, точна со силно деградирање и дискриминација на вработените што се дел од немнозинските етнички заедници, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, дека во изминатите 10 години јавната администрација станала сервис за згрижување партиски кадри.
„Се остварува планот на Заев дека кога ќе дојдат на власт, ќе ги сменат сите способни кади и ќе ја партизираат администрација од чистачка до министер јадејќи живи луѓе. Во новата администрација место се најде за таканаречените шарени платеници“, се вели во реакцијата.
Ваквите политики на СДС и Дамјан Mанчевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во администрацијата ќе бидат казнети на 15 октомври.