СДСМ загази во криминал и сите манипулации околу референдумот и партиските преговори се само обид да се покрие грабежот што се одвива во моментов, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ

Додека граѓаните се вознемирени дали ќе биде распишан референдум и дали тој ќе биде задолжителен или консултативен, Зоран Заев дава монопол и 35 милиони евра на фирма која постои еден месец и е единствена која конкурирала.
Додека граѓаните се во дилема околу двосмисленото прашање што се предлага, Зоран Заев фрла 350 000 евра за мебел и кујни во МЕПСО.
Додека граѓаните се грижат за составот на државната изборна комисија што треба да го реализира референдумот и да гарантира фер гласање, Заев дели 10 милиони евра на фирми на Кочо Анѓушев, Хари Локвенец и други сопартијци и послушници, претставувајќи ги како иноватори.
Зоран Заев и владеачкото мнозинство по секоја цена сакаат да го реализираат штетниот и капитулантски договор со Грција.
Со погазување на Уставот и законите Зоран Заев и СДСМ на најбрутален начин го газат достоинството на Македонија и македонските граѓани.
Договорот со Грција не е добар. Тој во ниту еден случај не го гарантира македонскиот идентитет. Со овој договор се брише името Република Македонија, македонската историја, традиција и култура.
На уцените на Зоран Заев кон македонскиот народ им нема крај. Со манипулации во јавноста сакаат да прикажат дека оној кој што е против штетниот и капитулантски договор е против евроатланската интеграција на Република Македонија , се вели во соопштението на опозициската ВМРО ДПМНЕ.