226
Власта на СДСМ и ДУИ лажеше дека Македонија има доволно пченица, а сега најавуваат дека ќе бараат од Бугарија и од Србија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, „власта на СДСМ и ДУИ тврдеше дека резервите се полни, а сега се доведуваме во ситуација мелничарите да алармираат дека нивните резерви со пченица се за период од неколку дена и дека ако не внесеме пченица од странство нема да има што да обработуваат“.
-Ако има пченица како што тврдат Николовски, но и целата влада, зошто не се интервенира на пазарот со домашните резерви за да се спречи не само зголемување на цените на лебот и брашното, туку да се постигне намалување на веќе напумпаните цени на прехранбените производи?, прашуваат од „Белиот дворец“.