ВМРО-ДПМНЕ: Муцунски никаде во интервјуто за тв Сител не спомнува дека е нормално внесувањето на Бугарите во Уставот

од Nikola Popovski
221 прегледи

Тимчо Муцунски никаде во интервјуто за тв Сител не спомнува дека е нормално внесувањето на Бугарите во Уставот, стои во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, потпретседателот на партијта Муцунски, во интервјуто за ТВ Сител е дециден дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која е за почитување и проширување на правата на сите заедници во Македонија, вклучително Хрватите, Црногорците, Бугарите, и сите други малцински заедници кои што постојат во нашето општество.

-Тој исто така потенцира дека тоа што треба да го поставиме ние како кредибилна и цврста надворешна политика е да бараме од Бугарија отстапување од тие анти европски ставови кои што се поврзани со македонскиот јазик, македонскиот идентитет, обидот за наметнување на неевропски толкувања на историските процеси и токму тука ние треба цврсто да застанеме. На СДСМ му пречи борбата на ВМРО-ДПМНЕ за Македонија. СДСМ нема да може со лаги да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми. Се повеќе луѓе легнуваат навечер со празен стомак, а утрото го почнуваат си мислата како да го поминат месецот. СДСМ не нуди решенија, туку политизира. Затоа ќе има предвремени парламентарни избори, и СДСМ ќе падне од власт. А следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе промени и реален напредок на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.