Владата потврди дека Министерството за здравство треба да плати 8,5 милиони евра поради раскинување на договорот за изградба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Значи двојна штета е остварена, Македонија без клинички центар и од џебот на граѓаните ќе треба да се плати 8,5 милиони евра, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека одговорност мора да има.
-Исто така мора да има одговорност и за залудно потрошените 8,5. Ако се малку доблесни овие пари луѓето од власта треба да ги вратат од сопствениот џеб, стои во соопштението од „Белата палата“.
Во МЗ веќе стигнале две писма од компанијата и правниот тим бара начини како да ја намали сумата, но и да не се плаќа заостанатата камата, со која таа ќе биде драстично поголема.
Министерот за здравство Беким Сали, во јули годинава изјави дека градењето на нов Клинички центар останува приоритет број еден за него, но се уште не е најдено најдоброто финансиско решение за негова изградба.