ВМРО-ДПМНЕ: На виделина излезе дека СДСМ и ДУИ потрошиле 2 милиони евра за мебел, цвеќиња, фстаци, хотелски услуги и жардињери

од Milan1
188 прегледи

„СДСМ очајно, а по малку и нервозно се обидува да покрие својата неспособност и недомаќинско работење. На виделина излегоа 2 милиони евра кои власта на СДСМ и ДУИ ги потроши за непродуктивни трошоци како кафиња, мебел, службени возила, перење на тие службени возила, фстаци, хотелски услуги, подароци, жардињери и режани цвеќиња во време на тешка економска криза кога народот едвај врзува крај со крај“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија на виделина излегла и неспособноста и долговите кои градоначалниците на СДСМ ги оставија зад себе во општините, како и нивните местени тендери, но на виделина излезе и опструкцијата која централната власт ја прави на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.