ВМРО-ДПМНЕ: Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик создава простор за изигрување на волјата на граѓаните

од Vladimir Zorba

Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик се обид за создавање на простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните. Со тоа, СДСМ сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса, ваквите измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата. Само на тој начин може да се гарантира фер и демократски услови при изборен процес и вистинско изразување на волјата на граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.

-Флагрантната злоупотреба на европското знаме на закони кои не се во согласност со европското право е само уште еден од низата директни удари врз демократијата. Лажното подметнување на ставот на Венецијанската комисија е уште еден доказ дека СДСМ ги преминува сите граници на пристојност и демократска култура, што во целост не соодветствува со европските вредности.

ВМРО-ДПМНЕ останува на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес.

Криминалите на Зоран Заев и картелот на власт не може и не смее да се покриваат со продавање на највисоките национални интереси и напад врз демократијата во Република Македонија.

Слични содржини