ВМРО-ДПМНЕ: Народот мора да биде прашан

од Берта Китинска
180 прегледи

Нелегалниот премиер Ковачевски со бегањето од референдум бега од народот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Референдумот е најголемото достигнување на демократијата, со него се дава право и можност народот да одлучи по секое едно прашање кое е надвор од редовната работа на една власт. Такво прашање е асимилацијата која Ковачевски сака по секоја цена да ја протурка. Народот мора да биде прашан, дали тоа што го турка Ковачевски е во негов интерес или не.Ако Ковачевски верува во себе и дека тоа што го прави е исправно, тој ќе излезеше на референдум. Но Ковачевски знае дека прави предавство и врши бугаризација и асимилација на народот и затоа бега од референдум, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.