ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници за 100 дена сработија повеќе отколку оние на СДСМ за 4 години

од Берта Китинска
187 прегледи

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена сработија повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години.1090 проекти, за 100 дена, се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи за народот, општините и државата. Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека проектите и делата се одлика на ВМРО-ДПМНЕ.

-И додека во општините каде градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се работи и има отчет за сработеното, во општините каде градоначалниците доаѓаат од СДСМ и ДУИ нема отчет, затоа што ништо не сработија, нема со што да се пофалат, посочуваат од партијата.