ВМРО-ДПМНЕ: Наумов и СДСМ покажуваат елементарно непознавање од ресорот

од desk3
154 прегледи

Дополнителниот заменик на СДСМ и неговиот кабинет очигледно немаат работа штом се бават со откривање топла вода.

Наумов и СДСМ покажуваат елементарно непознавање од ресорот во кој имаат дополнително техничко заменик-министерско место.

Да го потсетиме дополнителниот заменик Наумов дека прагот за пријавување на ДДВ обврзници во Македонија секогаш се движел околу 1.000.000 денари, вклучително и во време на СДСМ кога прагот за пријавување ДДВ беше 1,3 милиони денари.

sdsm-vmro

За да им се помогне на фирмите полесно да ги пребродат последиците од економската криза владата на ВМРО-ДПМНЕ го подигна прагот за ДДВ обврзници на 2.000.000 денари и пред две години повторно истиот беше сведен на 1 милион денари.

СДСМ и Наумов очигледно ги преспаа изминативе две години. Измените на законот за ДДВ направени пред две години, со кои прагот се враќа на 1 милион денари беа на иницијатива на малите фирми.

Целта беше одржување на фер конкуренција на пазарот и воедно подобро позиционирање на малите фирми на пазарот од аспект на нивна препознатливост како ДДВ обврзници и соработка со големите фирми. Доколку Наумов побара по архивите на медиумите од пред две години, може да ги најде овие информации.

Второ, доколку дополнителниот Наумов не е запознаен – во Македонија се врши поврат на ДДВ на сите ДДВ обврзници.

Наумов и СДСМ можат слободно да продолжат да си наоѓаат занимации во лаги и манипулации кои сметаат дека ќе им донесат ситни политички поени. Граѓаните гледаат кој работи одговорно и посветено во интерес на народот. Затоа СДСМ е 10 години опозиција и затоа ќе остане таму и по 5-ти јуни.