ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд

од Берта Китинска
118 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд.

Нелогично е да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд. Со други зборови недела и понеделник за Владата на СДСМ е опасно, а вторникот не е. Според кои критериуми е донесена ваква препорака, паршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека била престрога и мерката и за целосен полициски час за празникот Велигден, и сега кога е празникот Бајрам.

„На овој начин се нарушуваат човековите слободи и права.Воедно со ваквите мерки СДСМ свесно влегува во провоцирање на тензии и конфликти меѓу населението и ја изложува полицијата во непосакувана улога.

На овој начин СДСМ директно ја злоупотребува здравствената криза согласно дневно политичките потреби и си игра со чувствата на граѓаните.

Со оглед на тоа дека земјава е на врвот по штетните последици од корона вирусот потребно е суштинско делување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини