ВМРО-ДПМНЕ: Нека им каже некој во СДС дека Ковачевски е во коалиција со Арсовска и Левица

од Stefanija Kuzmanovska
109 прегледи

Нека им каже некој во СДС на тие што даваат изјави, дека Ковачевски е во коалиција со Арсовска и Левица, владата е одговорна за загадениот воздух. Проблемот со приватните превозници во Скопје е резултат на криминогеноста на Ковачевски и Арсовска, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку директорот на ЈСП кадар на СДС и Арсовска наместо договор за купување на гориво по цени како од бензинска обезбедеа рабат на тие цени како што е пракса, ќе се заштедеа 1.5 милиони евра, пари сосема доволни да се исплатат приватните превозници.

Доколку Арсовска и ЈСП ги исплатеа превозниците немаше да има проблем со превозот.

Во поглед на инвестициите за намалување на загадувањето, Арсовска и Ковачевски се во тесна трка кој помалку може да направи, а на крај и двајцата не прават ништо.

СДС е централна власт 7 години. И 7 години нема ниту еден значаен проект за намалување на загадувањето на воздухот. 20 милијарди евра потрошија низ буџетите изминативе години, и ниту еден проект за намалување на загадувањето на воздухот не реализираа.

Скопје се гуши заради неодговорноста и криминогеноста на СДС и Арсовска. На тајните средби на Ковачевски и Арсовска наместо да договараат тендери и профити, нека договорат мерки за почист воздух“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини