ВМРО-ДПМНЕ: Нема бугарски политичар кој не стави јасно до знаење дека Софија планира да ја бомбардира Македонија со нови барања

од Nikola Popovski
436 прегледи

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски денеска упати нови критики кон СДСМ . Тој праша „со што Бугарија ја задолжи најголемата опозициска партија за вака понизно и самопонижувачки да мора да ја бранат“.

-И покрај јавните изјави на ЕУ и на бугарското раководство, СДС слепо ги брани бугарските позиции со срамни изјави на понижување на сопствениот народ и држава. Нема бугарски политичар кој не стави јасно до знаење дека Бугарија планира да ја бомбардира Македонија со нови барања, само СДС се однесуваат како ништо да не слушнале, ниту виделе. Очајно и мизерно е колку СДС можат да го пробијат секое дно, само за да ѝ се допаднат на Бугарија, но останува да лебди прашањето – Зошто, праша меѓу другото Манасиевски на прес-конференција.

Социјалдемократите со став барањата на Бугарија можат да бидат во рамки на европскиот процес и во рамки на точно утврдените кластери и барања кои секоја држава ги исполнува. Бараат одговор од Владата зошто, сè уште не преземале никаква акција во насока на исполнување на ветувањата.

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Владата не прават ништо тоа е нивен проблем. Наместо да се правдаат, нека кажат зошто ништо не прават затоа што имаа големи ветувања. Зошто го нема одложеното дејство за употреба на името, каде се гаранциите кои ги ветува, гледаме дека сè уште нема ништо“, велат од СДСМ.

Дека Македонија била тема на средбите на eврокомесарката Марта Кос во Софија, потврда стигна од бугарската потпретседателка, Илијана Јотова, која пред средбата со изјави дека на еврокомесарката ќе и го соопшти ставот на Бугарија за Македонија и оти дебатата по ова прашање се искривува.

-Бугарија нема да поставува дополнителни услови за македонската интеграција во европската унија, се искривуваат нашите барања што водат кон двострана блокада, оцени Јотова. Дополни и дека во основата е францускиот предлог.

„Тезата на македонските колеги и на некои европски политичари е дека процесот е блокиран. Сакаме само да се зачуваат европските критериуми, како што треба тоа да го прави секоја држава на патот кон европското членство“, изјави потпретседателката на Бугарија.

Претходно, бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави дека впишувањето на Бугарите во Уставот е прв, но не и единствен услов за почеток на преговорите на земјава за членство во ЕУ и оти тоа не е билатералност туку спроведување на европскиот консензус.

Слични содржини