Говорејќи за новиот клинички центар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го образложи партискиот став, коментирајќи дека во Собранието, тоа нe e закон за нов клинички центар, туку тоа е предлог закон за измени на законот за јавни набавки.
„Со него, ние, пратеничката група на колицијата треба да даде можност на најкорумпираната влада, според Транспарнси, да склучува договор во 4 очи со компании за сума од минимум половина милијарда евра, иако никој денес не знае колку реално ќе чини тој проект“, кажа Мицкоски.
Мицкоски информираше дека ВМРО-ДПМНЕ има решение кое е поефтино и кое ќе понуди квалитетна здравствена заштита за граѓаните и оти не е точно дека опозицијата е неконструктивна.
„Ние понудивме наше решение и поевтивно до два и пол пати, три пати поефтино, а здравстевната заштита и тоа што им е потребно на граѓаните ќе го добијат според сите современи стандарди“, вели Мицкоски.