„СДСМ за година дена пола Македонија ја затвори. Над 60.000 граѓани поради СДСМ останаа без своите работни места, околу 6.200 компании се затворија, а ништо не се изгради. Срамно е СДСМ да се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи. СДСМ поради својата неспособност дури не ни успеа на време да ги доврши, ниту да ги отвори“, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, на претходното соопштение на СДСМ.
Според нив, претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа за помалку од 8 години да изгради 70 градинки низ цела Македонија.
„Власта и во ек на КОВИД-19 не ги заштити работничките со продолжување на породилното отсуство. А, ниту успеа да го организира процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, за да мајките не ја губат својата работа или да се приморани самите да даваат отказ за да ги чуваат своите деца“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.