ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме за избори на 5 јуни, но одлуката на Уставниот суд ќе ја почитуваме

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Како демохристијанска партија смета дека единствено изборите се начин на легитимирање на една власт. Народот е тој што ја дава и ја зема власта, изјави Зоран Илиоски, заменик – координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne1

„Како партија бевме подготвени на 5-ти јуни да излеземе на избори и да дадеме можност на народот да го каже своето размислување околу политичката ситуација во државата. Одлуката на Уставниот суд, ние како политичка партија ќе ја почитуваме. Сметаме дека не е во насока на размислувањата на нашата партија и во насока на нашето дејствување, меѓутоа Уставниот суд е институција што треба да биде почитувана во оваа држава и ние како таква ќе ја почитуваме“, изјави Илиоски.