Со секоја прес конференција СДСМ на дело ја повторува целта поради која Заев го спроведува ова негово антидржавно сценарио, а тоа е дестабилизација и создавање криза во државата-регираат од ВМРО ДПМНЕ по денешната бомба на СДСМ од Велес.
„Сопот“, инаку е судски предмет од 2003 година во кој селани од кумановското село Сопот одговараат за тероризам, односно поставување мина на пат на која нагази НАТО џип со полски војници и македонски државјани државјани. Со првата пресуда за експлозијата од мина што се случи кај Сопот при што загинаа двајца полски војници од силите на НАТО и еден цивилен придружник, беа осудени 11 лица од селото. Шест лица, беа осудени во отсуство.
Последната низа настани и сé понагласеното отворање чувствителни теми јасно ја дефинираат намерата на СДСМ да придизвика влошување на меѓучовечките и етнички односи. Играњето на таа карта е многу опасно и за СДСМ, но најмногу за граѓаните и за Република Македонија. Тежината на овие теми СДСМ не ја препознава, иако постојано кокетира, со што покажува бесчуствителност и немање на одговорност за вака значајни прашања“
Најголемата опозициска партија е во заблуда доколку смета оти „пуштат креирани, монтирани и прилепувани материјали во повеќето градови низ државата“, иако тие материјали како денешниот немале никаква со местот каде шти биле презентирани, во случајов Велес, ќе создадат сомнеж за некакви нерегуларности, или незаконски дејства.
Тие се надеваат дека граѓаните ќе ги убедат во нешто што реално не постои, и што е измислена манипулација со монтирани материјали. Но вистината е дека креираните материјали на СДСМ немаат никакви аргументи, факти и не докажуваат ништо. Вистината е во она што навистина се случило. Ниту до сега некој завршил во ендек, ниту некому била скршена глава, ниту, пак, нечија фирма била затворена, ниту, пак, некогаш судски одлуки биле договорени.
Бомбата на СДСМ во Велес, за жал, пукна пред 20-ина години кога заради погрешните политиките на СДСМ се затворија речиси сите фабрики и претпријатија, а над 10 илјади велешани останаа без работа. Ефектот од погрешните политики на СДСМ Велес ги гледаше и тогаш, а ги гледа и денес“, се вели во писмената реакција при што се констатира дека „ова СДСМ не може да го промени со ниту една своја лага и монтажа“- велат од ВМРО ДПМНЕ
