СДСМ оди со стари и истрошени кадри вечни функционери, ВМРО-ДПМНЕ нуди нови и реализирани луѓе во своите професии.СДСМ нема што ново да понуди за Прилеп, Велес, Јегуновце, Брвеница, Свети Николе, Карпош, Аеродром и буквално низ сите општини, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
-Кандидатите кои што вчера ги промовираа се стари и истрошени кадри кои или биле веќе градоначалници или смениле по неколку функции.
СДСМ оди со стари и истрошени кадри затоа што никој не им се нафаќа да губи.СДСМ не можеше да најде нови луѓе, затоа што никој веќе не сака да биде заштитник на мафијата.
Наспроти старите и истрошени кадри на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нуди нови кадри, докажани во своите професии.ВМРО-ДПМНЕ нуди развој, просперитет и работа. Време е за Македонија за сите луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.