ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ ја интересираат само популистички мерки, а не проекти кои даваат резултати на долг рок. Поради тоа, како што оценува во денешното соопштение, рокот на оваа Влада нема да е долг.

„Оваа Влада не е реформска, туку антиреформска. Анти-реформската влада на СДС наместо да се насочи кон зголемување на платите, пензиите и растот на економијата, мандатот го почна со укинување проекти и најава за блокирање на се што е во тек. Предлогот за набавка на земјоделската механизација ќе се намали од сегашните почетни 50 на почетни 30 отсто. Вакви мерки не водат кон подобар живот како што тие ветуваа“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, додека народот ги очекува ветуваните поголеми плати, пензии, просечната плата од 30.000 денари, СДСМ се обидува да дефокусира со скапо платена, деструктивна и лажна црна пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ.