ВМРО-ДПМНЕ обвини за ново бегство од „Идризово“

од Nikola Popovski
194 прегледи

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на прес-конференција обвини за ново бегство од затворот „Идризово“.

СДС и ДУИ мора да сносат одговорност за оваа состојба. Министерство за правда мора да сноси одговорност за епидемијата од бегства од затвор. Очигледно ова е добро организиран мафијашки систем, којшто не би можел да функционира без поддршка од власта, порача Стоилковски.

Тој праша дали зад бегството стои партиска парамилиција на СДСМ вработена во затворите, како и тоа дали новиот избеган затвореник е близок со ДУИ.

-Дали зад бегството повторно стои партиската парамилиција на СДС вработена во затворите? Дали избеганиот со иницијали Р.К. , етнички Албанец, кај себе поседува фото албум овојпат за блискост со ДУИ? Дали се работи за организирана група блиска до ДУИ? Затворите станаа одморалиште, сиот систем се претвори во гротеска, тврди Стоилковски.

Слични содржини