ВМРО-ДПМНЕ обвинува: „Бетонска џунгла“ ќе никне кај СЦ „Борис Трајковски“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Наместо урбан спортски развој на Скопје и Карпош, кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се развива нова бетонска џунгла. Повторно ќе се руши нешто што е градено со парите на граѓаните, а претставува македонска национална гордост, вели денеска Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да се игра тенис и да се вози картинг, Заевите криминали, повторно ќе не заглават во нови бетонски тврдини. Денес ви го претставувам регулацискиот план на Град Скопје кој Петре Шилегов го усвои за овој дел од Скопје (и е прикажан на сликата позади мене) кој уништува повеќе од 10.000 метри квадратни простор кој се употребува за спорт и рекреација на граѓаните во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, посочува тој.