ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека луѓе блиски до Спасовски кријат милионски имот

од Nikola Popovski
241 прегледи

Аферата тајни имоти се врти и околу луѓе кои се исклучително блиски и со министри во владата, истакна на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Тој наведе дека Добрин Петрушевски член во УО на ДСУ Киро Бурназ од Куманово.

-Петрушевски не доставил анкетен лист. A Добрин Петрушевски и е познат на македонската јавност, по тоа што тој е сопственик на бензинската пумпа Пин Петрол на површина од 8.000м2 во Куманово, а ја гради со фирма која од основањето до градењето на бензинската станица не пријавила никакви приходи, ова беа информациите објавени во медиумите, а кои не беа демантирани. Симптоматично е што на отворањето еден од првите гости беше токму Оливер Спасовски со неговата сопруга.

Втор функционер кој ќе го обелодениме денес, а не поднел анкетен лист, односно не е регистриран на страницата на ДКСК е Димитар Џеков, член на Надзорниот одбор на М НАВ, кој покрај голем имот во Скопје е основач и на приватната фирма Друштво за управување со приватни фондови АЛСАР ФИНАНСИСКИ ИНОВАЦИИ ДОО Скопје, и вози теренско возило Тојота РАВ4.

Имот крие и Маја Ковачева, член на УО на ФЗОМ, која исто така не поднела анкетен лист, ниту Ќамиле Асани член на Управен одбор на Болницата во Кичево.

Во услови кога имаме систематско криење на имот, наместо санкции од институциите, имаме амнестија од ДКСК, кои наместо пријави до сите, се обидуваат да ги оправдаат дека не ги внеле во систем зошто внесуваат рачно, а во исто време излегуваат функционерите и признаваат дека не поднеле анкетни листови, како што беше примерот со адвокатот Јевтиќ и Алберт Муслиу, изјави Петрушевски.

Петрушевски додаде дека со односот на ДКСК и Ковачевски кон функционерите кои не ги почитувале законите и криеле имот, се покажува само дека и тие се соучесници во целиот процес.

-Поради целиот однос на институциите кон случајот основано се сомневаме дека се крие имот и ја повикуваме УЈП, да постапи според Законот за личен доход и да утврди дали за имотот кој го поседуваат функционерите кои кријат имот платиле данок, рече пратеникот.