ВМРО-ДПМНЕ: Обврзниците за кои зборуваше Богоев немаат никаква вредност

од Stefanija Kuzmanovska

Стефан Богоев држеше вонредни прес конференции објавувајќи дека царината запленила хартии од вредност во вредност од 92 милиони евра. Но денеска, после само три дена од прес конференцијата на Богоев, медиумите објавија дека истите немаат никаква вредност бидејќи биле со истечен рок, а сопственикот на истите бил починат, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Всушност медиумите открија дека обврзниците за кои Богоев правеше пиар имаат вредност на тоалетна хартија.

Хартиите од вредност како акции, обврзници, записи се дематеријализирани, односно се во електронска форма. А тоа кај нас е сторено уште во 2001 година со формирањето на Централниот депозитар, така што сите видови на хартии од вредност сите се во електронска форма.

Ова само покажува аматеризам и неспособност од страна на Богоев.

Му порачуваме на Богоев наместо да држи прес конференции со кои се фали дека открил некаков криминал, енергијата да ја насочи кон работење бидејќи е платен од народни пари“, стои во соопштението.

Слични содржини