ВМРО-ДПМНЕ: Од СДС молк за тоа дали Заев бил сопственик на една авиокомпанија од Индија

од Milan1
34 прегледи

„СДС се однесува многу нервозно поради тоа што Венко Филипче секому е јасно дека е чуварот на фотелјата на Зоран Заев.

Додека СДС на домашна сцена кризира, нејзиниот лидер Заев е на богата печалба во Дубаи каде гради згради.

Од друга страна од СДС молк за тоа дали Заев бил сопственик на една авиокомпанија од Индија.?

Има целосен молк и за тоа која е поврзаност и улогата во сето тоа на Венко Филипче.

Вистинското прашање е како Заев со административна плата стигна да гради згради во Дубаи и да има авиокомпанија во Индија?

Колку украде двоецот Заев Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?

Затоа СДС е падната на толку ниски гранки“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини