394
Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопшти дека од утре ќе објавува материјали за тоа „каков криминал направиле претходните градоначалници од редовите на СДСМ и ДУИ“.
-Започнуваме со објавување на криминални тендери на претходните градоначалници од СДСМ/ДУИ.
Утре во 11:00 часот на прес конференција ќе обелодениме како еден скопски градоначалник преку скандалозен тендер за улично осветлување направил криминал од илјадници евра, соопштија од партијата преку Фејсбук.