„Одложувањето на примопредавањето на вакцините кое Владата на Заев го најавуваше 10 дена е дел од епската брука и неспособност на Заев“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, наместо да се правдаат дека и ова е перцепција, „утре чекаме Филипче сам да си ја напише оставката и да ја спаси земјава од епската неспособност и брука“.
„Заев го проби дното. Банда неспособни луѓе управуваат со нашата земја“, стои во партиското соопштение.