Срамна е одлуката на антимакедонската влада предводена од Ковачевски да не присуствуваат на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Изјавите од функционерите на СДС дека отворањето на културниот клуб во Благоевград е приватен настан, се навредите на СДСМ кон македонското малцинство во Бугарија, соопштија денеска од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозицијата, македонското малцинство во Бугарија заслужува почит и грижа од страна на државата.
„Наспроти бугарските клубови отворени во Македонија, кои носат фашистички имиња, македонскиот клуб во Благоевград носи име на големиот деец Никола Вапцаров, лик од историјата кој обединувал и поврзувал. Антимакедонската СДСМ води целосна негрижа за своите граѓани, како во државата, така и надвор од неа“, велат, меѓу другото, од партијата на Мицкоски.