Заев ги лаже 5 години оризарите. Пред 5 години ветуваше откуп на оризовата арпа по цена од 25 денари и белиот ориз за 50 денари. Денес и оризовата арпа и оризот се откупуваат по двојно пониски цени од ветеното, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната изјава на премиерот Зоран Заев.
Според нив, срамота е што Заев ги залажува оризарите си 3 денари.
-Заев треба да изнајде механизам и да ја обезбеди цената од 25 денари за оризова арпа, како што ветуваше, а тоа е и цена по која ќе биде реално исплатливо производството и одгледувањето ориз, стои во партиското соопштение.
-Кога станува збор за поддршката за земјоделството и за оризопроизводството посебно, дозволете ми да истакнам дека како никогаш досега,од постењето на нашата држава, ниту една Влада нема издвоено буџет за земјоделството и за земјоделците како што тоа го имаме направено во претходниот и во овој мандат. Во последниве години, со силни заложби на државата, направени се придвижувања кои го стимулираат оризопроизводството. Новата политика за субвенционирање со одвојувањето на оризот од останатите житни култури и зголемувањето на субвенциите кое го реализиравме минатата година, е потврда за искрените заложби на оваа Влада, да го развива производството на ориз, изјави денес Заев на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз” која оваа година по 30-ти, јубилеен пат, се одржува во Кочани.