ВМРО-ДПМНЕ: Пајазит Пајазити ја оцрни судската фела во целост, молкот на Судскиот совет е доказ зошто треба да биде реформиран

од Илинка Илиоска
11 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ повторно го нападна судијата Пајазит Пајазити, обвинувајќи го дека „ја оцрни судската фела во целост.“ Партијата истакнува дека „молкот на Судскиот совет е само доказ зошто треба да биде реформиран.“

Во своето соопштение, ВМРО-ДПМНЕ нагласува: „Ако институциите во правосудството на целата очигледна незаконитост не го разрешат Пајазити, тогаш сами потврдуваат дека се испостава на ДУИ и Филипче.“

Партијата го обвинува Пајазити дека „не само што го овозможи бегството на Блерим Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети, кој призна дека земал поткуп, дело за кое е предвиден затвор.“ Дополнително, го критикуваат и за тоа што „не определи притвор ниту за бандитите кои упаднаа на скопскиот аеродром.“

Според ВМРО-ДПМНЕ, „институциите во правосудството со молкот кој го покажуваат кон Пајазити само покажуваат зошто треба да бидат реформирани. Потребна е одговорност.“

Слични содржини