Тежок блам за Пендаровски, човек кој тепаше жени ќе ја преставува државата во ООН, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на указот што го потпиша претседателот Стево Пендаровски.
Од опозициската партија обвинуваат дека Љубомир Фрчкоски е човек кој бил пријавен за тепање на жена на паркинг.
-Тој е човекот кој беше обвинет за учество во шверцот на нафта и цигари во 90тите години.Во време на Фрчкоски се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, кој потоа никогаш не беше расчистен.
Љубомир Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали.Соединетите американски држави не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк. Пендаровски ги потценува САД и го нарушува угледот на Македонија, соопштија од „Белата палата“.
Пендаровски денеска со указ го назначи Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија при Организацијата на Обединетите нации во Њујорк.
-Индикативно е што во изминативе десетина месеци, на осум кандидати за амбасадори им беше овозможено да ги презентираат своите тези пред собраниската комисија, само за кандидатот за амбасадор при нашата мисија во Обединетите Нации таква седница воопшто не беше закажана, соопштија од Кабинетот на претседателот по повод одлуката.