Како што и предвидовме, Стево Пендаровски по изјавата на претседателот Христијан Мицкоски се јави со епохална изјава со која не кажа ништо, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на шефот на државата.
Според нив, тој се прогласи за ненадлежен на енергетската криза која е и безбедносен проблем, на државата чиј што претседател е тој самиот.
-Вистинскиот одговор е што Стево како слеп послушник на Заев е надлежен само за партиските прашања важни за СДСМ, но не и за прашањата важни за граѓаните. Срамота е што Стево Пендароски продолжува да се однесува како портпарол на премиерот во заминување Зоран Заев, велат од партијата.