„Владата да не ги понижува наставниците и да ги исполни барањата на СОНК“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата вели дека дава покачување на платите од 10%, во ситуација кога млекото се покачи за над 80%, зејтинот за над 110%, горивата за над 70%, струјата за над 30%.
Трошоците за живот се екстремно покачени, а владата ги понижува наставниците со 10% предлог за покачување.
Владата наместо со половични решенија треба да ги исполни барањата на СОНК, тие се минимално неопходни за обезбедување нормален стандард на наставниот кадар.
Македонија е можеби единствена земја во Европа каде наставниците имаат плата пониска од просечната плата.
Платата на еден наставник е далеку помала од синдикалната кошничка, се вели во соопштението на опозицијата испратено до медиумите.
Оттаму дополнуваат дека платите во образованието мора да се зголемат.