ВМРО-ДПМНЕ поднеlе претставка до ДКСК поради номинирањето на Дескоска во Венецијанската комисија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
179 прегледи

„Рената Дескоска е незаконски номинирана за претставник на Република Македонија во Венецијанската комисија. Само за да ја згрижи по поразот кој го чека на претстојните избори, Зоран Заев прекрши и закони и меѓународни прописи во врска со судир на интереси“, вели Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција поради скандалозното номинирање на Рената Дескоска во Венецијанската комисија.

Бараме антокорупциската комисија ургентно да преземе законски дејствија за отстранување на состојбата на судир на интереси која е очигледна во случајот.

Имено, со конкретните дејствија целосно е нарушено начелото на интегритет, а извршувањето на службените обврски е сведено на приватен однос што претставува основно коруптивно поведение“, посочува Николовска.